Во раните утрински часови денеска избувнал пожар во патничко возило „Ренџ Ровер“ на подрачјето на скопската општина Центар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 04:05 часот, а станува збор за возило со скопски регистарски таблички, сопственост на 54-годишен жител на Скопје.
На местото веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која успеала да го локализира и изгасне пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица.
Полицијата и надлежните служби извршиле увид на местото на настанот, а во тек е истрага со која треба да се утврдат причините за пожарот и сите околности поврзани со случајот.








