ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО МИРНА НАСЕЛБА: Украдено бебе пронајдено мртво покрај поток - Ова се деталите

ТРАГЕДИЈА ВО МИРНА НАСЕЛБА: Украдено бебе пронајдено мртво покрај поток - Ова се деталите

Страшен и потресен случај ја потресе германската покраина Баден-Виртемберг, откако новороденче кое било пријавено како исчезнато, подоцна било пронајдено мртво во близина на поток.

Според полицијата, бебето исчезнало во четврток навечер, додека мајката на кратко влегла во домот за да ги внесе купените намирници. Детето било оставено во количка пред куќата, а кога таа се вратила надвор, количката била празна.

По пријавата за исчезнување, веднаш била покрената голема потрага во која учествувале полиција, пожарникари, дронови, хеликоптери и десетици кучиња трагачи. Во акцијата биле вклучени и специјално обучени единици за пребарување на тешки случаи.

По неколку часа и интензивна истрага, спасувачите пронашле тело на бебе во близина на потокот Ранкбах. Полицијата потврдила дека е извршена идентификација, но деталите засега не се целосно објавени во јавноста.

Истрагата се води во неколку насоки, а властите претпоставуваат дека непознато лице го одзело детето од количката во краткиот временски интервал кога мајката била во домот.

Целиот случај предизвика шок и неверување во локалната заедница од околу 18.000 жители, која масовно се вклучи во потрагата преку социјалните мрежи.

Полицијата продолжува со истрагата за да се утврди точното време, начинот и околностите под кои се случила трагедијата.