ПРВ.мк
Црна Хроника

Македонец уапсен во Албанија: Килограм хероин пронајден во гума од комбе! - Ова се деталите

Македонец уапсен во Албанија: Килограм хероин пронајден во гума од комбе! - Ова се деталите

Албанските безбедносни служби привеле македонски државјанин откако при контрола на возило бил пронајден околу еден килограм хероин скриен во дел од комбето што го управувал.

Според информациите од истрагата, акцијата била реализирана во реонот на Елбасан, на патниот правец Булќиза–Либражд. Полицијата запрела комбе во кое се наоѓале 32-годишен жител на Струга и 45-годишен албански државјанин од Драч.

При деталниот преглед на возилото, службениците откриле околу еден килограм хероин сокриен во гума од комбето. Дрогата веднаш била одземена, а двете лица биле приведени.

Според албанската полиција, постојат сомневања дека македонскиот државјанин претходно нелегално ја преминал границата меѓу двете земји преку таканаречениот „зелен појас“, каде што се сретнал со својот соработник.

Првичните сознанија укажуваат дека запленетата наркотична супстанца била наменета за продажба на албанскиот пазар. Надлежните органи продолжуваат со истрагата за да утврдат дали случајот е поврзан со поширока мрежа за шверц на дрога и дали има инволвирани и други лица.

Против приведените ќе бидат преземени законски мерки согласно албанското законодавство.