ПРВ.мк
Црна Хроника

34-годишник заврши во притвор по инцидент со полицијата - деталите ќе ве изненадат

34-годишник заврши во притвор по инцидент со полицијата - деталите ќе ве изненадат

Триесет и четиригодишен скопјанец е приведен откако физички нападнал полициски службеник на подрачјето на општина Аеродром.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 9 јуни околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С. (34) од Скопје.

Тој претходно агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, при што им упатувал закани. Ситуацијата дополнително ескалирала кога физички нападнал еден од полицајците.

По интервенцијата, осомничениот бил приведен во полициска станица.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.