ПРВ.мк
Црна Хроника

Осудена скопјанката Сашка Стојановска која прегази куче во Црна Гора – еве колкава затворска казна доби

Осудена скопјанката Сашка Стојановска која прегази куче во Црна Гора – еве колкава затворска казна доби

Основниот суд во Улцињ ја осуди 43-годишната Сашка Стојановска од Скопје на 45 дена затвор за кривично дело „убивање и мачење животни и разорување на нивното живеалиште“.

Според пресудата, инцидентот се случил на 24 јули во Улцињ, кога Стојановска, управувајќи автомобил „мерцедес“, најмалку двапати поминала со возилото преку куче од расата шарпланинец.

Кучето се здобило со повреди од кои угинало.

При одредувањето на висината на казната, судот ги зел предвид околностите поврзани со обвинетата, меѓу кои нејзината претходна неосудуваност, семејните околности и фактот дека е мајка на две деца.

Судот на крајот определил затворска казна во траење од 45 дена.