ПРВ.мк
Црна Хроника

Автобус со десетици туристи се преврте – има загинати

Автобус со десетици туристи се преврте – има загинати

Неколку лица загинале, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Швајцарија, откако туристички автобус со десетици патници се превртел на планински пат.

Несреќата се случила во четвртокот во источниот кантон Граубинден, на патот меѓу селата Суш и Цернец, во долината Енгадин, во близина на Швајцарскиот национален парк.

Според информациите од холандската федерација на туристички агенции, во автобусот имало 48 патници, сите од Холандија. Туристите биле на еднодневна екскурзија во Швајцарија, а патувале од Австрија.

По несреќата била организирана голема спасувачка операција. На терен пристигнале екипи на итната помош, а биле ангажирани и хеликоптери за извлекување и транспорт на повредените.

Швајцарската полиција потврдила дека во несреќата има загинати, но засега не го соопштува точниот број на жртви, ниту нивните националности.

Причината поради која автобусот излетал од патот и се превртел сè уште се утврдува.

Надлежните најавиле дека повеќе информации ќе бидат објавени откако семејствата на загинатите ќе бидат известени.