Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Словенија, откако возач влегол и се движел во спротивен правец од дозволениот.
Според информациите од истрагата, 29-годишен државјанин на БиХ управувал автомобил во контрасмер на автопатот кон Марибор. Во еден момент директно се судрил со возило во кое се наоѓале две лица.
Во силниот удар животот го загубиле возачот кој се движел во погрешна насока и 39-годишна жена која била сопатник во другото возило. Возачот на вториот автомобил поминал со полесни повреди.
Во несреќата биле оштетени уште неколку возила, а сообраќајот на делницата бил во прекин неколку часа додека траел увидот.
Овој трагичен случај повторно ја отвори темата за опасниот тренд на возење во контрасмер, појава која во последниот период сè почесто се регистрира и во земјите од регионот. Надлежните институции апелираат до возачите на максимална внимателност, бидејќи ваквите грешки најчесто завршуваат со тешки последици и човечки жртви.






