Полицијата работи на расчистување на случај на физички напад врз малолетничка, кој бил пријавен во скопската населба Центар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 јули околу 23:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека малолетна девојка била физички нападната од две други малолетнички, кои ѝ биле познати.
По пријавата, надлежните служби започнале со преземање мерки и активности за целосно утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.
Од МВР засега не соопштуваат дополнителни информации за причините за нападот или за евентуални повреди, а истрагата за случајот е во тек






