ПРВ.мк
Црна Хроника

ГРАЃАНИТЕ ЗГРОЗЕНИ: Млад скопјанец дивеел на гробишта,полицијата го улови по потера! - Еве ги деталите

ГРАЃАНИТЕ ЗГРОЗЕНИ: Млад скопјанец дивеел на гробишта,полицијата го улови по потера! - Еве ги деталите

Вистински шок се случил на градските гробишта во Бутел, откако 24-годишен скопјанец бил фатен по оштетување на повеќе гробни места.

Според информациите од полицијата, инцидентот бил пријавен од вработен на гробиштата, кој забележал како осомничениот со метален предмет демолира гробови и веднаш потоа побегнал од местото.

По брза реакција на полициските служби, младиот скопјанец бил пронајден на подрачјето на Шуто Оризари и приведен во полициска станица. При проверката било утврдено дека оштетил дури 11 гробни места, предизвикувајќи револт и вознемиреност кај граѓаните.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека случајот е во фаза на целосно документирање, по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Мотивите за ваквиот чин засега не се познати, а истрагата треба да утврди што стои зад сквернавењето на гробните места.