Триесет и петгодишен жител на скопското село Зелениково пријавил во полиција дека бил физички нападнат од две лица.
Според информациите, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 1:30 часот на 6 јули. Во пријавата тој навел дека нападот се случил претходната вечер, околу 21:10 часот, во близина на станицата во Зелениково.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.







