ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор во Македонија: Маж ги нападнал татко си, сестра си и малолетната внука

Хорор во Македонија: Маж ги нападнал татко си, сестра си и малолетната внука

Вистинска семејна драма се случила во Виница, каде 42-годишен маж бил приведен откако, според пријавата, физички нападнал тројца членови на своето семејство.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот се случил во семејниот дом, а осомничениот наводно ги нападнал својот татко, сестра и внука.

По добиената пријава, полициски службеници од ОВР Виница веднаш интервенирале и околу 19:45 часот го лишиле од слобода С.А. (42) од Виница.

Од МВР велат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот. По завршување на истрагата и документирањето на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Засега не се соопштуваат повеќе информации за причините што довеле до семејниот конфликт, ниту за здравствената состојба на нападнатите лица.