ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Приведен возач кој управувал под дејство на алкохол - еве со колку промили возел!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Приведен возач кој управувал под дејство на алкохол - еве со колку промили возел!
Kristal

Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 55-годишниот Л.Д. од село Пепелиште, неготинско.

При редовна сообраќајна контрола на улицата „Христо Ботев“ во Неготино било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Л.Д. По преземените мерки било утврдено дека возачот е под дејство на алкохол, со измерени 2,05 промили во крвта.

Л.Д. бил задржан во полициска станица, а јавен обвинител бил известен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

FixCredit
Escape