ПРВ.мк
Црна Хроника

Во знак на почит: Кочани го откажа традиционалниот марш по трагедијата во Кранс-Монтана - еве што порачаа!

Во знак на почит: Кочани го откажа традиционалниот марш по трагедијата во Кранс-Монтана - еве што порачаа!
Kristal

Градот Кочани, кој сам ја носи лузната од сопствената трагедија, оваа сабота ќе замолчи во знак на сочувство кон жртвите од пожарот во Швајцарија. Организаторите соопштија дека планираниот „Марш на Ангелите“ нема да се одржи, а наместо тоа, граѓаните се повикуваат на мирна и достоинствена средба.

Настанот ќе се одржи под мотото: „Од Кочани до Кранс-Монтана: Тивка почит за загинатите“, а почетокот е закажан за сабота, 10 јануари, во 16:40 часот, со собирно место во Паркот на Револуцијата во Кочани.

Во повикот до јавноста се истакнува:

„Ве повикуваме да бидеме заедно во тишина, сочувство и солидарност. Од град што ја носи болката во себе, до мајки и семејства што денес ја живеат истата тишина — да застанеме заедно, без зборови што се мали за ваква загуба.“

Кочани, кој сè уште ги лекува раните од трагедијата од март минатата година, испраќа силна порака на поддршка кон семејствата во Швајцарија. Организаторите потенцираат дека тишината понекогаш зборува погласно од зборовите, а граѓаните се повикуваат да дојдат со срце полн со сочувство, да запалат свеќа и да покажат дека Кочани е со семејствата на загинатите во овие тешки моменти.

FixCredit
Escape