ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Маж претепал поранешна партнерка и ја исфрлил од возилото - ова се деталите!

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Маж претепал поранешна партнерка и ја исфрлил од возилото - ова се деталите!
Kristal

Скопското Обвинителство отвори постапка против едно лице за телесна повреда.

Според информациите, на 4 јануари, поради испад на љубомора, осомничениот ја навредувал и физички ја нападнал својата поранешна партнерка, удирајќи ја повеќе пати по главата и телото. По нападот, тој ја исфрлил од својот автомобил, при што жената паднала на бетонот меѓу столбчињата на коловозната лента.

Случаен минувач го пријавил инцидентот во полиција, а оштетената била пренесена во болница за укажување лекарска помош.

Јавниот обвинител предложил судот да определи мерка на претпазливост – забрана за приближување и контакт со жртвата за време на постапката.

FixCredit
Escape