ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Маж ги нападнал сопругата и ќерката, друг ѝ го демолирал автомобилот - ова се деталите!

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Маж ги нападнал сопругата и ќерката, друг ѝ го демолирал автомобилот - ова се деталите!
Kristal

Во СВР Скопје се пријавени два одделни случаи на семејно насилство, по кои Министерството за внатрешни работи презема мерки за нивно целосно расчистување.

Првиот случај бил пријавен од 29-годишна жена од скопско, која навела дека на 10 јануари 2026 година, во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец, била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Ј. (33). Според пријавата, тој употребил тврд предмет и ѝ упатувал закани со остар предмет. Претходно, како што е пријавено, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вториот случај бил пријавен на 16 јануари 2026 година во 09:20 часот, кога 45-годишна жена од скопско пријавила дека во изминатите денови повеќепати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48). При нападите, тој ѝ го оштетил мобилниот телефон и нејзиното патничко возило.

Полицијата работи на расчистување на двата случаи, а по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo