Денеска, при вршење увид во опожарените магацини во кругот на индустрискиот комплекс „Макстил“ во Скопје, надлежните служби пронашле едно опожарено лице. Увидот сè уште е во тек, а на терен се присутни противпожарни екипи и истражни органи.
Пожарот избувнал синоќа и целосно го зафатил магацинот кој се користел за обработка на дрво. Противпожарните екипи интервенирале неколку часа, по што успеале да го локализираат и изгаснат огнот.
Причините за пожарот засега не се познати, а истражителите ќе утврдуваат како дошло до трагичниот настан и под кои околности лицето се нашло во објектот.
Дополнителни информации се очекуваат по завршување на увидот.
















