Еден човек со крваво лице и завој околу главата ја опиша трагедијата што се случи на плажата Бонди во Сиднеј, каде стотици луѓе прославуваа Ханука. Во изјава за австралиската 9News, тој рече дека присуствувал со своето семејство на фестивалот, каде се наоѓале деца, постари лица и семејства кои мирно уживале во вечерта.
„Децата си играле на фестивалот, а потоа одеднаш настанал целосен хаос. Имало истрели, луѓето паѓале на земја, сите се криеле – тоа бил целосен хаос“, изјави сведокот, додавајќи дека никој во тоа време не знаел од каде доаѓа огнот.
Сведокот, кој живеел во Израел последните 13 години и ги преживеал нападите од 7 октомври 2023 година, кажа дека дошол во Австралија пред две недели за да работи со локалната еврејска заедница против антисемитизмот. Тој ја опиша сцената како особено хаотична, наведувајќи дека видел барем еден од напаѓачите како пука „случајно, во сите правци“, додека луѓето паѓале околу него.
















