ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ: Приведени најмалку 40 луѓе во Париз - ова е причината!

ИНЦИДЕНТ: Приведени најмалку 40 луѓе во Париз - ова е причината!
Kristal

Француската полиција приведе околу 40 лица поради непријавен огномет што синоќа бил активиран на плоштадот Трокадеро во Париз, во непосредна близина на Ајфеловата кула, објави парискиот весник „Фигаро“.

Според соопштението на Париската полициска префектура, инцидентот се случил околу 21 часот, кога на плоштадот бил испален огномет без претходна најава или одобрение. Полицијата веднаш реагирала и извршила интервенција, при што биле приведени приближно 40 лица. Од надлежните служби информираат дека при настанот нема повредени.

Во моментов е отворена официјална истрага, а првичните сомнежи укажуваат дека лицата инволвирани во настанот се навивачи на парискиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ). Полицијата ги испитува околностите под кои е организиран огнометот и можните прекршувања на јавниот ред и безбедност.

Ова е втор ваков инцидент во текот на декември. На 13 декември, во истата област кај Трокадеро, беше организиран уште еден непријавен огномет. Тогаш, инфлуенсерот Лорис Џулијано го организираше настанот како дел од промоцијата на негов документарен филм.

По тој настан, беше покрената истрага за „загрозување на други лица и намерно кршење на обврската за одржување на безбедноста“ на јавно место, наведува „Фигаро“, потенцирајќи дека француските власти сè порешително реагираат на вакви неовластени јавни собири и пиротехнички активности.

FixCredit
Escape