ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕСРЕЌА ГО ПРЕКИНА ПАТУВАЊЕТО: Тројца српски државјани тешко повредени на овој патен правец!

НЕСРЕЌА ГО ПРЕКИНА ПАТУВАЊЕТО: Тројца српски државјани тешко повредени на овој патен правец!

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на патот Битола–Прилеп, кај местото викано „Петилеп“, во која учествувале две патнички возила.

Според информациите од СВР Битола, несреќата била пријавена на 15 август во 17:09 часот. Во судирот учествувале автомобил „БМВ“ со српски национални ознаки, управуван од 46-годишниот Б.С. од Белград, и „Опел“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 48-годишниот З.М. од село Свето Тодори, Општина Могила.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „БМВ“-то и неговата 46-годишна сопатничка К.С., како и 15-годишен малолетник, сите од Белград. Повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Битола.

Во судирот повреди се здобиле и возачот на „Опел“-от и неговиот 31-годишен сопатник М.В. од Битола.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола. Надлежните продолжуваат со утврдување на околностите под кои дошло до тешката сообраќајка.