ПРВ.мк
Црна Хроника

Хаос во маркет: Жена нападна дете со нож, а она што следеше никој не го очекуваше!

Хаос во маркет: Жена нападна дете со нож, а она што следеше никој не го очекуваше!

Драматичен инцидент го потресе утрото во американски маркет, кога ситуација што започнала како обичен ден за пазарење прераснала во сцена на страв и паника.

Жена на возраст од 31 година се обидела да киднапира тригодишно дете, при што во рацете држела нож и упатувала закани. Според информациите, во еден момент таа го нападнала детето и му нанела повреда на лицето, што предизвикало вистински хаос меѓу присутните.

Полицијата реагирала по пријава и пристигнала за неколку минути на местото. Кога ги затекнале, осомничената сè уште го држела ножот и одбивала да ги послуша наредбите да го фрли оружјето. Ситуацијата ескалирала за неколку секунди, кога таа повторно замавнала кон детето.

Во тој критичен момент, полицајците биле приморани да реагираат и отвориле оган. Жената починала на лице место.

Детето веднаш било пренесено во болница со сериозна повреда, но според лекарите, неговата состојба е стабилна и не е во животна опасност.

Сведоци велат дека сцената била шокантна и дека сè се случило многу брзо, оставајќи ги луѓето во неверување. Истрагата за целиот настан е во тек.