Трагичен настан се случил во основно училиште во скопското село Црешево, каде што починала 57-годишна жена вработена во училиштето.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 9 јуни околу 11:35 часот во СВР Скопје.
Како што наведуваат од полицијата, на В.Ѓ.(57) ѝ се слошило додека била на своето работно место, по што починала.
На местото интервенирала екипа на Итна медицинска помош, при што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Надлежните институции преземаат понатамошни дејствија согласно законските процедури.






