ПРВ.мк
Црна Хроника

БЕЗБЕДНОСТА ПОД ПРАШАЊЕ: Туристи ограбени во старата охридска чаршија - еве што се им е одземено!

БЕЗБЕДНОСТА ПОД ПРАШАЊЕ: Туристи ограбени во старата охридска чаршија - еве што се им е одземено!

Во старата чаршија во Охрид на 17.04.2025 година е пријавен случај на кражба на паричник, при што жртва е 24-годишен државјанин на Турција.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија, по брза реакција и преземени мерки, полициските службеници го пронашле осомниченото лице во краток временски рок.

Станува збор за 44-годишна жена од Босна и Херцеговина, која е идентификувана како С.О. Одземениот паричник со пари е пронајден и вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против осомничената ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.