ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА НА ПАТИШТАТА: Возило се запали во движење, има повредени - ова се деталите!

ДРАМА НА ПАТИШТАТА: Возило се запали во движење, има повредени - ова се деталите!
Kristal

На 28 март 2026 година, околу 00:16 часот, СВР Охрид добила пријава за пожар во возило на патниот правец Охрид–Кичево, во близина на селото Врбјани.

Се работело за патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Тетово, кое било управувано од 40-годишен жител на тетовското село Ново Село.

Пожарот брзо бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кичево. Во инцидентот, возачот и сопатникот, 29-годишно лице од тетовското село Голема Речица, се здобиле со повреди, по што им била укажана помош од Итна медицинска помош Охрид.

Според полицијата, причините за пожарот сè уште се утврдуваат, а инцидентот предизвика краткотрајни застои на патниот правец.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape