Тројца млади лица се приведени откако 19-годишно момче било нападнато на улица во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, инцидентот се случил на 7 јули околу 18:15 часот на улицата „Илинденска“, каде 19-годишниот С.А. од селото Долно Палчиште, додека се движел со свои другари, бил физички нападнат од неколку лица. При нападот, како што навел во пријавата, бил удиран и со тврд предмет.
По пријавата, полициските службеници веднаш презеле оперативни мерки и ги лишиле од слобода Е.И. (18) и двајца 16-годишници, сите од Тетово.
При нивниот претрес биле пронајдени и одземени неколку тврди предмети, како и еден остар предмет, кои ќе бидат предмет на понатамошната истрага.
Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против инволвираните лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.






