ПРВ.мк
Црна Хроника

Пожарот кај Рампа доби полициски епилог: Уапсени две лица од Скопје - ова се деталите

Пожарот кај Рампа доби полициски епилог: Уапсени две лица од Скопје - ова се деталите

Две лица од Скопје се лишени од слобода под сомнение дека го предизвикале пожарот што на 5 јули избувнал во напуштен објект на булеварот „Македонија“, во близина на Рампа.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека приведени се С.А. (34) и И.Х. (39), двајцата од Скопје, поради сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“.

При интервенцијата на пожарникарските екипи бил повреден еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а оштетени биле и две противпожарни возила.

Од МВР наведуваат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, по што против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во меѓувреме, Центарот за управување со кризи соопшти дека до 13 часот денеска на територијата на државата биле регистрирани шест пожари на отворен простор. Еден пожар сè уште е активен во Куманово, кај местото Пармакови Ниви, каде гори сува трева.

Пет пожари се изгаснати, меѓу кои во Прждево, Волково, Новаци, Дебар и на потегот Грдовци – Мојанци. Надлежните служби остануваат на терен и ја следат состојбата.