ПРВ.мк
Црна Хроника

Силен судир во Охрид: Повредени лица по несреќа на прометен булевар

Силен судир во Охрид: Повредени лица по несреќа на прометен булевар

Драма кај Рача: Два автомобили се судрија, банкината спречила поголема трагедија

Сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Свети Наум Охридски“ во Охрид, во близина на населбата Рача, каде што дошло до судир меѓу два автомобили.

Според првичните информации од местото на настанот, во несреќата има повредени лица, а по ударот возилата биле поместени кон работ на коловозот. Очевидци посочуваат дека еластичната заштитна ограда спречила автомобилите да излетаат на тротоарот, каде што често се движат пешаци.

За среќа, во оваа несреќа нема повредени пешаци. На местото интервенирала полицијата, која извршила увид, а сообраќајот на овој дел од булеварот одредено време се одвивал отежнато.

Булеварот „Свети Наум Охридски“ важи за една од пошироките и поуредени сообраќајници во Охрид, но токму поради неговиот изглед дел од возачите често возат побрзо од дозволеното. Надлежните и сообраќајните експерти постојано апелираат дека станува збор за булевар, а не за автопат, и дека почитувањето на ограничувањата е клучно за безбедноста.

Граѓаните очекуваат активирањето на камерите од системот „Безбеден град“, кои веќе се поставени на оваа делница, да придонесе за поголема контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.