ПРВ.мк
Црна Хроника

72-годишна мајка нападната од ќерката, татко повреден со дрвен предмет

72-годишна мајка нападната од ќерката, татко повреден со дрвен предмет

Серија случаи на семејно насилство и инциденти меѓу членови на семејства се регистрирани низ повеќе градови во Македонија, а полицијата во дел од случаите привела осомничени.

Во Гостивар, 46-годишен маж бил приведен откако бил пријавен дека физички ја нападнал својата 47-годишна сопруга и ѝ упатувал закани во деловен објект.

Истиот ден во Гостивар била приведена и 30-годишна жена, откако нејзиниот 62-годишен татко пријавил дека физички го нападнала и употребила дрвен предмет, нанесувајќи му повреди.

Семеен инцидент е регистриран и во Радовиш, каде 46-годишна жена е осомничена дека во куќата во која престојувала физички ја нападнала својата 72-годишна мајка. Таа била задржана во полициска станица, а известен бил и јавен обвинител.

Во Куманово, пак, полицијата привела 49-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата 47-годишна сопруга.

Кривична пријава е поднесена и против 38-годишен тетовец поради сомнение за „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според МВР, тој во семејниот дом ѝ се заканувал и физички ја нападнал сопругата.

Драматично било и во Свети Николе, каде 37-годишен маж, според пријавеното, под дејство на алкохол оштетил дел од покуќнината во семејниот дом и им се заканувал на членовите на семејството. Тој бил лишен од слобода.

Уште еден случај е пријавен во Штип. 51-годишен маж пријавил дека по расправија бил физички нападнат од својот син, кој употребил и тврд предмет.

Полицијата продолжува со документирање на случаите, по што ќе следуваат соодветни поднесоци против осомничените.