ПРВ.мк
Балкан

(Фото) Падна шверц на злато вредно над 45.000 евра: Цариниците пронајдоа и дукати „Франц Јозеф“

(Фото) Падна шверц на злато вредно над 45.000 евра: Цариниците пронајдоа и дукати „Франц Јозеф“

Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид за шверц на повеќе од 375 грама златен накит, чија вредност е проценета на над 45.000 евра.

Како што соопшти српската Царинска управа, случајот бил откриен на 8 август од службеници на Одделението за сузбивање шверц.

При контролата биле пронајдени големо количество непријавени златни предмети и накит.

Меѓу запленетите скапоцености имало три огрлици, од кои една со дукати, три ланчиња, седум нараквици, четири прстени, еден пар обетки и три приврзоци.

Посебно внимание привлекол еден од приврзоците, кој бил изработен во форма на голем дукат „Франц Јозеф“.

Вкупната вредност на непријавениот златен накит е проценета на повеќе од 45.000 евра.

Сите пронајдени скапоцености се привремено задржани, а за случајот ќе се води прекршочна постапка пред надлежниот суд.