ПРВ.мк
Балкан

Голема полициска акција: Во автомобил откриени 22 килограми марихуана, уапсен 43-годишник

Голема полициска акција: Во автомобил откриени 22 килограми марихуана, уапсен 43-годишник

Српската полиција заплени 22 килограми марихуана при претрес на автомобил и уапси 43-годишен маж од Лазаревац.

Припадници на Управата на криминалистичката полиција, во соработка со полицијата во Краљево, го уапсиле Д.Ѓ. (43) поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

При претрес на патничкиот автомобил со кој управувал осомничениот, полицајците пронашле 22 килограми марихуана спакувана во вкупно 44 пакети.

Акцијата била спроведена по налог на надлежните виши јавни обвинителства во Краљево и Ниш.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Краљево.