ПРВ.мк
Црна Хроника

Возач удрил во 16-годишник и избегал: Полицијата трага по него

Возач удрил во 16-годишник и избегал: Полицијата трага по него

Полицијата трага по возач кој со автомобил удрил во 16-годишен малолетник во Скопје, а потоа го напуштил местото на несреќата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 10 август во 16:55 часот во СВР Скопје.

Несреќата се случила на улицата „Адем Демачи“, каде патничко возило удрило во 16-годишник од Скопје кој во тој момент туркал електричен тротинет.

По ударот, возилото го напуштило местото.

Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, како и за пронаоѓање на возилото и возачот кој избегал по несреќата.