ПРВ.мк
Свет

(Видео) Драма во Франција: Со два ножа нападнал полицајци и извикувал „Алах акбар“

(Видео) Драма во Франција: Со два ножа нападнал полицајци и извикувал „Алах акбар“

Двајца полицајци се повредени при напад со нож во центарот на Тулуз, откако маж вооружен со два ножа се нафрлил врз нив. Според француските медиуми, напаѓачот во текот на инцидентот повеќепати извикувал „Алах акбар“.

Инцидентот се случил синоќа, а градоначалникот на Тулуз, Жан-Лик Муден, го опишал нападот како случај во кој била употребена терористичка реторика.

Според информациите објавени од француски „Фигаро“, мажот најпрво им пришол на полицајците тврдејќи дека има информации, по што почнал да ги навредува и да им се заканува.

Ситуацијата набрзо ескалирала кога тој извадил два ножа и тргнал кон полицајците.

Тројца полицајци, вооружени со палки и солзавец, се обиделе да го опколат и совладаат. Во драматичната интервенција тие истовремено се обидувале да се заштитат од ударите со нож и да го спречат напаѓачот да побегне.

Во нападот двајца полицајци биле повредени во пределот на раката.

По неколку секунди борба, полицајците успеале да го совладаат и онеспособат мажот, по што тој бил уапсен.

Француските надлежни органи продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите околности и мотивот за нападот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА