ПРВ.мк
Црна Хроника

Уапсени три лица во Скопје – осомничени дека запалиле багер во отпад за секундарни суровини

Уапсени три лица во Скопје – осомничени дека запалиле багер во отпад за секундарни суровини

Три лица се лишени од слобода под сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“, откако во отпад за секундарни суровини на подрачјето на скопски Чаир бил запален багер.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска (2 јули) на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ.

Според информациите, на 1 јули околу 23:20 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во отпад за секундарни суровини избувнал пожар, при што бил опожарен багер.

Веднаш по пријавата, полициските службеници забележале патничко возило „БМВ“ со ресенски регистарски ознаки во кое се наоѓале осомничените, по што тие биле приведени.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.