ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ЕВАКУАЦИЈА НА ХАЛКИДИКИ – Туристи се извлекуваат со бродови и автобуси

ГОЛЕМА ЕВАКУАЦИЈА НА ХАЛКИДИКИ – Туристи се извлекуваат со бродови и автобуси

Во тек е голема евакуација на туристи и жители од делови на Халкидики, поради пожарите што ја зафатија областа, јавуваат грчките медиуми.

Според последните информации, повеќе од 347 лица веќе биле безбедно префрлени до марината Сани, додека уште околу 92 лица се качиле на бродот „Speedrunner Jet“.

Во операцијата по морски пат се вклучени два брода на крајбрежната стража, приватни пловила, два брода на противпожарната служба, три рибарски и еден туристички брод.

Евакуацијата не се одвива само по море. Автобуси на локалната автобуска служба биле испратени кон Сивири и Фурка, со цел да ги преземат граѓаните и туристите кои се наоѓаат во подрачјата загрозени од пожарот.

Грчките медиуми јавуваат дека надлежните служби продолжуваат со операцијата, додека пожарникарските екипи се борат да го стават огнот под контрола.

На лицата кои се наоѓаат во загрозените области им се препорачува строго да ги следат инструкциите на Цивилната заштита и итните известувања.