Во текот на продолжениот викенд од 19 до 22.03.2026, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа засилени контроли и активности насочени кон санкционирање на непочитувањето на законите, особено во делот на точење алкохол на малолетници.
Според соопштението на МВР, биле контролирани 12 угостителски објекти на територијата на Аеродром, при што во три објекти биле затекнати малолетници на кои им бил послужен алкохол.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од Кривичниот законик за „Точење алкохол на малолетници“.


















