ПРВ.мк
Црна Хроника

Страшен судир на патот Скопје–Велес: 54-годишник тешко повреден

Страшен судир на патот Скопје–Велес: 54-годишник тешко повреден

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчераутро на регионалниот пат Скопје–Велес, при што сериозно е повреден 54-годишен мопедист од Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 08:40 часот. Во судирот учествувале патнички автомобил „Фолксваген Голф“, управуван од 75-годишен скопјанец, и мопед „Хамачи“, кој го управувал 54-годишниот Т.Т. од Скопје.

Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош, тој бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде лекарите ја потврдиле сериозноста на повредите.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а причините и околностите под кои дошло до судирот се предмет на понатамошна истрага.