Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот Велес–Градско, откако патничко возило „шкода октавија“ со велешки регистарски таблички излетало надвор од коловозот.
Според информациите од СВР Велес, несреќата била пријавена на 10 јуни околу 02:20 часот. Возилото го управувал 31-годишен жител на Кавадарци, кој во еден момент изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата тешки телесни повреди добила 59-годишна сопатничка од Кавадарци. Таа била пренесена во Општата болница во Велес, каде што лекарите ги констатирале повредите.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Велес. Се утврдуваат причините за сообраќајката.






