ПРВ.мк
Црна Хроника

ПАД НА ГОЛЕМА СПОРТСКА ЅВЕЗДА: Уапсен поради нешто што никој не го очекуваше!

ПАД НА ГОЛЕМА СПОРТСКА ЅВЕЗДА: Уапсен поради нешто што никој не го очекуваше!

Една од најголемите ѕвезди во современата НБА, Џејмс Харден, е уапсен во Тексас поради незаконско носење огнено оружје, потврдуваат американски медиуми.

Според информациите, Харден бил запрен од полицијата додека се наоѓал во своето возило, при што кај него бил пронајден пиштол кој бил на видливо место и не бил соодветно складиран во футрола, како што налагаат локалните прописи.

По приведувањето, кошаркарот бил пуштен со кауција, но против него е покрената постапка и тој ќе треба да се појави на судско рочиште на 22 јуни.

Во условите за кауција му е забрането поседување или користење какво било оружје, како и консумирање алкохол, дроги или други забранети супстанции. Дополнително, ќе биде обврзан на редовни и случајни тестирања.

Харден, кој е еден од најпознатите играчи во НБА, зад себе има долга кариера во која настапувал за повеќе клубови, меѓу кои Оклахома Сити, Хјустон, Бруклин, Филаделфија, Лос Анџелес Клиперс и Кливленд.

Тој во 2018 година ја освои МВП наградата, а дури 11 пати беше дел од Ол-стар натпреварите, но сè уште ја нема освоено шампионската титула во НБА.