СВР Велес поднесе кривична пријава против 32-годишен жител на Велес поради сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 23 мај годинава, откако лицето било лишено од слобода поради недолично однесување.
Додека се наоѓал во службено полициско возило, пријавениот физички нападнал полициски службеник, при што му нанел телесни повреди.
По преземените мерки и целосното документирање на случајот, против велешанецот е поднесена соодветна кривична пријава.






