ПРВ.мк
Црна Хроника

Акција во Пошта Скопје: Сомнителни пратки доведоа до апсење на американски државјанин

Акција во Пошта Скопје: Сомнителни пратки доведоа до апсење на американски државјанин

Царинската управа спречила обид за нелегален внес на дрога во Македонија преку поштенски пратки пристигнати од Франција, наменети за американски државјанин.

При контрола на четири пратки во ЦИ Пошти во Скопје, царинските службеници со помош на скенер, мобилен тим и царинско куче откриле сомнителна содржина. По извршените проверки било утврдено дека во пратките се наоѓале 12,5 грама метамфетамин, 20 грама МДМА и осум грама кокаин.

По наредба на јавен обвинител, инспектори го привеле лицето Ј.Е. во моментот на подигнување на пратката, по што бил извршен и претрес во неговиот дом.

При претресот биле пронајдени две шишенца со растителна материја, две стаклени лулиња за пушење марихуана и 33 ампули тестостерон.

Целокупната запленета дрога е испратена на вештачење, а против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.