Вчера во 14:35 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје е пронајден починат Д.В. (64). Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Истиот ден, во 15:20 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејната куќа во Скопје е пронајдена почината Д.В. (84) од Скопје. И нејзиното тело, по наредба на јавен обвинител, е предадено за обдукција.


















