ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ ИНЦИДЕНТ: Возач на автобус претепал 79-годишен патник - ова се деталите!

НОВ ИНЦИДЕНТ: Возач на автобус претепал 79-годишен патник - ова се деталите!
Kristal

Седумдесет и деветгодишен жител на скопското село Бањани се здобил со тешки телесни повреди откако бил нападнат од возач на автобус на јавен превоз, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, инцидентот се случил на 9 јануари 2026 година околу 08:30 часот. М.В. (79) бил нападнат од Г.Г., возач на автобус на линијата број 61, во кој претходно се превезувал оштетениот. По симнувањето од автобусот, меѓу нив настанала расправија која ескалирала во физички напад.

Жртвата била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

FixCredit
Escape