На македонско–албанската граница, кај Дебар, полициски службеници вчера лишиле од слобода албански државјанин под сомнение за извршено кривично дело „измама“. Станува збор за А.Г. (28) од пограничниот град Булќиза, кој се сомничи дека сторил кривично дело „изнуда“. Тој е пренесен и задржан во Оделението за внатрешни работи во Дебар за натамошна постапка, соопшти портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.
Исто така, вчера во 15:20 часот, на граничниот премин „Ќафасан“, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, избувнал пожар. Возилото, сопственост на Ф.Ф. (34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната, а пожарот бил успешно изгаснат со противпожарен апарат. Повредени лица немало.
















