Полицијата лиши од слобода три лица осомничени дека минатата недела на подрачјето на Гази Баба физички нападнале и со нож повредиле 14-годишно момче.
Според информациите од МВР, нападот се случил на 22 јуни околу 23:05 часот, кога тројцата осомничени го нападнале малолетникот и му нанеле повреди со остар предмет.
Според сведочењето на родителите, напаѓачите без повод започнале да го удираат момчето, по што еден од нив извадил нож и го повредил. Од здобиените повреди детето паднало во бессознание, а напаѓачите избегале од местото, оставајќи го повреденото момче на улица.
Малолетникот го забележал случаен минувач, кој веднаш повикал Итна медицинска помош и полиција. Повреденото момче било пренесено во Ургентниот центар, каде што било подложено на хируршка интервенција.
Од МВР соопштија дека со приведените се извршени службени разговори, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.







