Четиринаесетмесечно дете од Куманово било примено во Општата болница откако се затруло со средство за чистење, информираат од полицијата.
Случајот бил пријавен синоќа околу 20:14 часот, кога од кумановската болница ја известиле полицијата за детето кое било донесено на лекарска помош по труењето.
По добиената пријава, полициски службеници извршиле разговор со мајката на детето, додека увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Од полицијата информираат дека за случајот ќе бидат преземени дополнителни мерки од надлежните институции со цел целосно расчистување на околностите под кои дошло до инцидентот.








