Цените на становите во Србија продолжиле да растат и во вториот квартал од 2026 година, иако бројот на реализирани купопродажби е намален.
Според индексот на Републичкиот геодетски завод, цените на становите биле 1,19 отсто повисоки во однос на првиот квартал, додека на годишно ниво растот изнесувал 5,25 проценти.
Новоградбите поскапеле за 3,86 отсто, а постојните станови за 5,98 проценти.
Во периодот април–јуни биле склучени 11.938 договори за купопродажба на станови, што е за 5,8 отсто помалку од истиот период минатата година. Сепак, вкупната вредност на прометот достигнала 1,3 милијарди евра, што претставува раст од 7,7 проценти.
Најголемото изненадување доаѓа од регионалните податоци. Најсилен годишен раст на цените е забележан во Јужна и Источна Србија – 6,21 отсто, пред Белград каде поскапувањето изнесува 5,65 проценти.
Следуваат Војводина со раст од 4,86 отсто и Шумадија и Западна Србија со 4,28 проценти.
Белград, сепак, останува лидер според растот на вредноста на прометот, со зголемување од 12,6 отсто, и покрај падот на бројот на договори.
Податоците покажуваат дека српскиот пазар на недвижности останува во тренд на постепено поскапување, иако купувачите склучуваат помалку трансакции.







