На 17.04.2026 година во 18:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во соработка со Единицата за службени кучиња, извршиле претрес во домот на 18-годишно лице од Росоман.
Акцијата била спроведена врз основа на наредба од Основниот суд во Кавадарци. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и еден остар предмет.
Од полицијата информираат дека за случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.










