ПРВ.мк
Црна Хроника

Крвав напад: Ракети и дронови урнаа зграда, има жртви и исчезнати

Крвав напад: Ракети и дронови урнаа зграда, има жртви и исчезнати

Во ноќен комбиниран напад со ракети и дронови, главниот град на Украина Киев беше погоден со серија удари што оставија зад себе мртви, ранети и исчезнати лица.

Според државната служба за вонредни состојби, загинале најмалку седум лица, додека 44 се повредени, а околу 20 лица сè уште се водат како исчезнати. Меѓу жртвите има и 12-годишно девојче, што дополнително ја зголеми трагедијата.

Еден од најтешко погодените објекти е деветкатна станбена зграда која делумно се урнала. Во урнатините загинале двајца мажи на 21 и 30 години, како и една жена чиј идентитет сè уште се утврдува. Дополнително, еден човек го загубил животот при напад врз бензинска пумпа.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека меѓу повредените има и новороденче и дете, а дел од повредените се во тешка состојба. Тој потврди и дека во населбата Дарницки, на левиот брег на реката Днепар, се урнал дел од зграда со 18 станови.

Министерот за внатрешни работи, Игор Клименко, изјави дека во спасувачката операција се вклучени повеќе тимови со обучени кучиња кои трагаат по преживеани под урнатините.

Поради нападот, во делови од градот е прекинато и водоснабдувањето, што дополнително ја отежнува ситуацијата за жителите.

Спасувачките операции продолжуваат, додека властите предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да расте.