На 3 септември 2026 година во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода пет лица поради пронајдена марихуана.
Станува збор за Д.С. (25), Ј.С. (25), Е.А. (25), Ф.А. (25) и С.П. (22), сите од Скопје.
Како што информираат од полицијата, кај лицата била пронајдена и одземена марихуана.
По целосното документирање на случаите, од страна на надлежните ќе следуваат соодветни поднесоци.










