ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ ХРВАТСКА: Полицијата ги апси и останатите лица од болничката соба

НОВ ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ ХРВАТСКА: Полицијата ги апси и останатите лица од болничката соба

Нови апсења во Хрватска во рамките на истрагата за смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш, кој почина на 21 октомври во психијатриската клиника „Свети Иван“ во Загреб.

Хрватската полиција уапси уште четири лица – докторка, две медицински сестри и медицински техничар, кои биле присутни во болничката соба за време на интервенцијата што ѝ претходела на смртта на пациентот.

Според информациите на „Индекс“, новоприведените се појавуваат на снимката од безбедносните камери во собата 11А, каде што се случил трагичниот настан.

Полицијата соопшти дека станува збор за лица на возраст од 23, 27 и 33 години, кои се осомничени за тешко убиство во врска со законската одговорност за неспречување на смртта на пациентот.

Истрагата се проширува поради сомневања дека присутниот медицински персонал не го спречил насилството врз Периш.

Претходно, на 6 ноември, беа уапсени четворица медицински техничари, осомничени за тешко убиство.

Според истражните информации, на снимката од болничката соба се гледа како пациентот бил физички напаѓан и притискан со перница преку главата.

За четворицата претходно уапсени техничари на 8 ноември беше определен едномесечен истражен притвор.

Во меѓувреме, истражителите прибрале изјави од медицинските лица што биле присутни за време на интервенцијата.

Најновите апсења укажуваат дека обвинителството ја проширува истрагата и врз одговорноста на останатиот персонал што бил во собата.

Случајот предизвика силни реакции во хрватската јавност, особено по објавувањето на вознемирувачката снимка од болничкиот видеонадзор.

Со најновите четири апсења, вкупно осум лица се осомничени во истрагата за смртта на Кристијан Јосип Периш.

Постапката продолжува, а конечната кривична одговорност на осомничените треба да биде утврдена од надлежните правосудни органи.