ПРВ.мк
Црна Хроника

Кобно враќање од аеродром: Три лица загинаа во бездна на овој патен правец

Кобно враќање од аеродром: Три лица загинаа во бездна на овој патен правец

Познати се нови детали за тешката сообраќајна несреќа кај Блаце, во која животот го загубија три лица, откако нивното возило завршило во бездна на недовршената автопатска делница кон Скопје.

Според информациите, брат со својата сопруга тргнале да ја пречекаат сестрата на Меѓународниот аеродром Скопје. По нивното заминување од аеродромот, при враќањето кон Косово, возачот ја згрешил насоката и наместо по магистралниот пат продолжил кон автопатската делница која сè уште е затворена и во изградба.

Возилото со германски регистарски таблички излетало од патот и паднало во бездна длабока околу 20 метри. Тројцата патници останале на местото на несреќата, а биле пронајдени дури по речиси 48 часа, по интензивната потрага што ја спровела полицијата.

Загинатите се 64-годишниот У.Т. од Косово, кој живеел во Германија, 56-годишната Ф.Ш.Т. од Косово и 54-годишната Ј.К. од Турција, која исто така живеела во Германија.

По пријавата за исчезнување, полицијата ги прегледала снимките од системот „Safe City“ и со помош на дрон ја следела трасата на движење на возилото. Откако било утврдено дека автомобилот не ја напуштил државата преку граничниот премин Блаце, потрагата била насочена кон недовршената автопатска делница, каде што било пронајдено превртеното возило.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени на обдукција, а истрагата за причините за несреќата продолжува.